Mercedes E class во лимузинска и Coupe верзијаКако ќе изгледа новата "Е класа" беше најавено пред неколку месеци со концептот "ConceptFASCINATION", барем што се однесува до предниот дел на возилото. Американците се радуваа дека во Детроит новата "Е класа" ќе биде најголемата ѕвезда на саемот, но, останаа само да ги гледаат фотографиите од затворената "предпремиера". Официјалната промоција сепак е на европско тло, во Женева. И не само лимузинската туку и coupe верзијата.Сега можеше и да се седне во внатрешноста да се почуствува квалитетот што го нудат германците. Најмногу внимание кај возилото привлекува предниот дел и решението кај светлата, што е доста слично како кај некои модели на Mercedes. Се задржува стариот тренд истите светла да бидат одвоени.
Сегашниот модел е технолошки најнапредниот модел на компанијата кој во себе има многу нова технологија што на возачите им го олеснува патувањето. Има над 20 нови технички новитети. Сите технологии што се вградени ја правата E class како "интелегентен партнер", што знае да гледа, чуствува, реагира рефлексно во критични ситуации и ако е потребно независно да реагира за да спречи несреќа или ги намали нејзините последици. Внатрешноста е потполно сменета, покомфорна и со поквалитетни материјали и повеќе место има за патниците и нивниот багаж. Нормално, ако атакува на освојување на нови директори. За 30 отсто е зголемене крутоста на шасијата, подобрени се седиштата и има новоразвиена суспензија.
Mercedes E class coupe е одговор на Audi A5. Според дизајнот coupe се базира на лимузинската верзија, како однадвор така и во внатрешноста. Што се однесува до ектериерот новост се спортските седишта напред и преклопливата задна клупа.Во однос на моторизацијата тоа ќе биде едно од најсилните купеа. Ќе има новоразвиени 4 цилиндрични, потоа 6 и 8 цилиндрични мотори со сила меѓу 204 и 388 КС. Нормално неизоставна е и АМГ верзијата со најмалку 500 КС, но, таа доаѓа до крајот на годинава.На пазарот најинтересен модел ќе биде E250 CDI BlueEFFICIENCY кој развива 204 КС, а според фабричките податоци ќе троши просечно околу 5,3 литри на 100 км.Во зависност од моделот ќе варира и стандардната опрема што Ќе се нуди, но ќе биде истата како и во E class. Тоа значи дека coupe верзијата „знае да гледа, чуствува, реагира рефлексно во критични ситуации и ако е потребно независно да реагира за да спречи несреќа или ги намали нејзините последици“.
Моторите на "Е класа" ги задоволуваат ЕУ5 стандардите за емисија на штетни гасови. Тоа е технолошки најнапредниот модел на компанијата кој во себе има многу нова технологија што на возачите им го олеснува патувањето. Има над 20 нови технички новитети. Мерцедес во новата E class ќе понуди систем кој го препознава уморот на возачот и веднаш предупредува. Системот се нарекува attention assist, а "Мерцедес" го разви како одговор на се побројните сообраќајни несреќи кои се причинети во голема мерка токму порадио заморото на возачот. Тука се и други безбедносни системи, а стандардно с евградуваат најмалку седум воздушни перничиња. Mеѓу опремата е "automatic emergency braking, adaptive main beam assist (систем за автоматско приспособување на светлата", "lane departure" (го преупредува возачот ако ја напушти својата лента на коловозот без вклучување трепкачи" и "night view assist ", што веќе го има во С класата.
новата Mercedes E-Class!И покрај најавите дека за прв пат ќе ја видиме во Женева, новата E-Class на Mercedes ја доживеа својата премиера на приватна промоција во Детроит. Напредокот е очигледен, посебно во дизајнот кој е многу поаглест и поспортски.
Технолошки, новата Е класа ќе поставува репери во средно – високата премиум класа. Сите електронски системи ќе бидат преземени од S-Class и подобрени, а најголем напредок е забележан во перформансите, економичноста и возните својства, со кои Mercedes ветува дека ќе се доближи до лутиот конкурент, BMW.
И тоа се случи - налутен, робусен и спортски Mercedes
Надворешниот дизајн е нова страница во историјата на компанијата – наместо меките линии, Е класата ја карактеризираат остри и агресивни линии, поради кои возилото губи на елеганција, но добива на робусност и спортски изглед, што купувачите во оваа класа се повеќе го ценат. Единствена забелешка можеби е сличноста на предниот дел со Lexus GS, но тешко е да се поверува дека Mercedes би сакал да копира други модели.
Аглестиот дизајн донесе и најдобар резултат за отпор на воздухот во класата, кој изнесува неверојатни 0,25 Cd. Ова секако ќе помогне во економичноста, која ќе биде на ниво на моделите од средната класа, додека во внатрешноста скоро и да нема да продира никаков звук од воздухот.
Покрај напредокот во моторизацијата и дизајнот, новата Mercedes E Class може да се пофали и со 30% поцврста и покрута шасија, која придонесува за безбедноста и возните својства, кои според луѓето од Штутгарт целат на врвот од класата, што е посебно важно за спортскиот AMG модел.
Богата ќе биде и технологијата наменета за безбедноста – ќе се вградуваат до 10 воздушни перничиња, Adaptive Beam Assist систем за подесување на снопот на предните светла зависно од надворешните услови, Speed Limit Assist систем кој ги чита сообраќајните знаци за ограничување на брзината и го предупредува возачот да забави, Attention Assist систем кој вчитува преку 70 параметри и одлучува дали возачот може да вози, дали е уморен и предупредува со продорен звук.
Ќе бидат вградени цела плејада контроли на стабилноста, додека радарот кој ќе го забавува автомобилот кога ќе наиде на некоја пречка, веќе станува секојдневие кај автомобилите со сребрена ѕвезда на носот. Богата ќе биде и опремата за луксуз – 4 зонска автоматска клима, кожни и греени седишта, атермални затемнети стакла итн. – се ова се подразбира кај еден Mercedes.
Во почеток, новата E-Class ќе се нуди со четири нивоа на опременост – Elegance, Avantgarde, Exclusive и AMG Sports, а очекувано е цената на основниот модел со дизелскиот мотор со 136 КС да се движи околу 45.000 евра.
Продажбата треба да почне наскоро по завршувањето на саемот во Женева и тоа само за лимузинската изведба. Караванот ќе пристигне наредната година, додека со почетокот на наредната деценија се очекува и претставување на хибриден погон.
Mercedes, очигледно е дека повторно конструираше автомобил, кој има многу адути за враќање на силниот удар, зададен од поуспешните во Европа, BMW 5 и Audi A6.
Nokia подготвува одговор на iPhone
Од компанијата Nokia објавија дека работат на Tube уредот кој ќе биде директен конкурент на iPhone, а со оглед на тоа дека станува збор за најголемиот производител на мобилни телефони во светот, многумина веруваат дека ќе биде понапреден од iPhone.
Првите слики од Tube, компанијата Nokia ги претстави на конференција во Калифорнија. Според овие слики Tube е многу сличен на iPhone. Nokia верува дека овој уред ќе биде многу конкурентен на iPhone и ќе биде првиот уред од Nokia со екран на допир и Java поддршка.
На конференцијата станало збор и за бројот на испораки на iPhone. Од денот на лансирање во Јуни минатата година па се до денес, Apple има испорачано од 5 до 6 милиони од популарниот iPhone. Според Tom Libretto, потпретседателот на форумот на Noika, оваа бројка воопшто не е ненадминлива и верува дека неговата компанија ќе ја помине за кратко време.
Како и да е ќе биде интересно да се види како ќе се покаже уредот на кој Nokia најавува дека се работи жестоко, кои ќе бидат останатите карактеристики на Tube, каква ќе биде реакцијата на Apple и кои ќе бидат идните планови на компанијата.
Beamz – инструмент на 21 век
Со оваа направа доаѓаат 30 музички предлози од 19 музички стилови како на пример јazz, bluegrass, classical, hip-hop, reggae или heavy metal, а можете да компонирате сопствена музика поткрепена со приложените примероци.
Генерираната музика може да се сними и понатака да се обработува, во зависност од вкусот на авторот.
Содржи Bluetooth 2.0 и USB 2.0 конекција, воедно и EDGE мрежа.
Меморијата изнесува 60 MB, со можност на надополнување на microSD картички.
Во пакетот со телефонот доаѓаат чистачот за екран, кожната навлака, microSD картичката од 1GB, адаптер и слушалки.

ФОН Универзитет
ФОН е првиот приватен универзитет во Република Македонија, формиран во 2002 година. Универзитетот постои пет години и е репер за современото високо образование во европски рамки. Според својот капацитет, тој е еден од најголемите универзитети на Балканот. Станува збор за комплетна институција, која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од земјата и од странство, користејќи притоа модерни средства и методи на едукација. Секој млад човек со право си го поставува прашањето каде да се здобие со посакуваната академска титула и дали ќе добие знаења и оспособеност што гарантираат успешна професионална кариера. Следејќи ги најновите европски трендови во високото образование, ФОН Универзитетот е вистинската порта низ која ќе зачекорите во општеството, спремни да се соочите со предизвиците на модерната бизнис и општествена клима. Имајќи предвид дека изборот на факултет е една од најзначајните одлуки во животот на секој човек, ФОН Универзитетот се ориентира кон остварувањето академската цел на секоја индивидуа. Нашата цврста определба ја темелиме врз идејата да изградиме целокупен производ, кој покрај стандардниот академски тренинг и знаење, кај студентот ќе создаде вредности и квалитети со кои поедноставно ќе се вработи и со кои ќе биде подготвен веднаш по самото дипломирање да го заземе своето место во општеството. Ние се стремиме кон создавање вистински професионалци, подготвени да се соочат со сите предизвици на секојдневието. Низ овие години на постоење, успеавме да го докажеме нашиот квалитет и да ја стекнеме довербата на младата популација, градејќи го истовремено брендот и традицијата што се вика ФОН Универзитет.Вашите универзитетски години се време кога инвестирате во вашата иднина. Вашите академски залагања и активното учество во наставниот процес ќе ви помогнат во развојот на вашиот интелект. ФОН Универзитетот ви нуди начини и средства со кои ќе се оспособите за вашата избрана кариера. Студентските активности го шират вашиот интелектуален и деловен хоризонт. Можностите за интерактивност, изведување практична работа, дружење, учества во дебати и работилници, подготвување проекти од различен вид, студентските публикации, па дури и забавите, заедно со другите содржини на студентскиот живот, ќе ви овозможат да ги развиете своите таленти и евентуално да откриете нови таленти во себе. Нам ни е важно студентите во текот на својата академска кариера да се здобијат не само со формално знаење туку и со неформално дополнување на нивното ЦВ, преку серија тренинзи во нашата земја и пристап на преку 300 конференции и семинари во повеќе од 42 европски земји.
Одделение Струга
Во рамките на ФОН Универзитетот освен одделните факултети со одредени насоки, постои и посебно одделение или центар во градот Струга.
Oва одделение функционира уште од 2003 година со отпочнувањето со работа на Факултетот за општествени науки. Во рамките на ова одделение, уште од почеток беше организирана настава според програмите на сите факултети при овој универзитет. Бидејќи Струга се наоѓа во југозападниот дел на Македонија до границата со Република Албанија, во одделението во Струга следат настава и студенти од оваа соседна земја претежно од Подградец, околината на Корча, Драч и Тирана.
Со оглед на изложеното, одделението во Струга во иднина има изгледи да стане вистински универзитетски центар на Југозападна Македонија.
Првиот приватен ФОН Универзитет во својот склоп има осум факултети и два во фаза на акредитација. Се студира по принципот на Болоњскиот процес и со примена на Европскиот кредит трансфер-систем.
NOD32 најдобар за 2007
Во текот на минатата година тестирани се 17 производи, а победниците мораа да покажат екстра перформанси, односно да откриваат полиморфни вируси (кои тешко се пронаоѓаат), да дадат високи резултати при проактивна детекција, да генерираат што е можно помал број на лажни предупредувања, да се брзи, да не сметаат на работата на компјутерот, да не го руши системот и да немаат багови.
Анти-вирусното решение NOD32 е прогласено за најдобро затоа што ја користи ThreatSense технологијата, која проактивно ги штити корисниците од штетните кодови, кои не се откриваат и при често надградување на анти-вирусните производи чии заштита се темелат на потписите на вирусите.
„Во изминатите четири години, колку што ги вршиме тестирањата на анти-вирусните производи не пронајдовме ниту еден кој може да се спореди со начинот на работа на ESET-овиот производ“, вели Андреас Клементи, основач и главен истражувач на AV-Comparativesa.
Како резултат на тоа, ESET секогаш има најдобри резултати во споредба со конкурентските производи, оценува Клементи.
3D конкурент на Firefox и Explorer
Што прво ви паѓа на памет како последна голема иновација кај веб прелистувачите? Прелистувачот SpaceTime 3D е вистинско освежување за очите, а можеби и иднината на веб навигацијата. Работи во тродимензионално опкружување и ги организира веб страниците во 3D простор, а корисниците на Vista сигурно ќе ја забележат сличноста со овој оперативен систем.
Интересна функција кај овој прелистувач е автоматското отварање на резултатите од пребарувањата. Кога на пример во Google ќе впишете поим за пребарување во обичен веб броусер, се отвара страна со резултати од пребарувањето, па кликајќи на резултатите го бараме тоа што не интересира. SpaceTime 3D ова го прави автоматски, а отворените резултати лебдат пред вас.
Друга привлечна функција е интеграцијата со светски популарните сајтови како YouTube, Amazon и eBay.
На официјалната страна на SpaceTime 3D пишува дека минималната конфигурација која е потребна за удобна работа треба да содржи 512 МВ меморија, Pentium 4 процесор од 2.4 GHz или AMD 2400xp+. Ние го тестиравме и на послаба конфигурација - работи, но релативно споро.
Моментално, бесплатно можете да ја превземете Space Time 1.0.





